еМагазин
Image default
Локално

Спасени двајца браќа од Скопје кои со мотори се загубиле на Шар Планина

Двајца браќа од Скопје кои со мотоцикли вчера тргнале да се искачуваат на Титов врв, но заталкале на Шар Планина, ноќеска се спасени од полициски службеници од станицата за граничен надзор Маздрача и од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Во тетовската полиција синоќа околу 21 часот и 15 минути било пријавено дека Е.Х.(31) и неговиот брат С.Х.(25), двајцата од Скопје, кои околу 14 часот со мотоцикли се упатиле кон Титов врв на Шар планина и планирале да стигнат во Стрезимир, заталкале во планината, а им се случил и дефект.

„На Е.Х. му се влошила и здравствената состојба, па неопходна му била лекарска помош.Полициските службеници поделени во неколку групи, започнале со пребарување на теренот, и околу 1 часот по полноќ браќата биле пронајдени на потегот помеѓу Титов врв и Враца рид, над Боговиско езеро, по што за кусо време биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош и потоа заминале во своите домови, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец осомничен за обид за убиство, неговиот син му помагал

Редакција

Во Тетово угостителски објекти работат и после полноќ

Редакција

Притвор за штипјанец кој дома чувал „хеклер“, две пушки, три револвери…

Редакција