еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Фото) НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите во Амазонија

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонската прашума, честопати нарекувана како „белите дробови“ на нашата планета.

Пожарот и чадот од Амазон се јасно видливи од вселената, а фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка.

Снимките на НАСА покажуваат интензивирање на пожарите и чадот во бразилските држави Рондонија, Мато Гросо и Амазонас.

Повеќе од половина од пожарите се наоѓаат во огромниот басен на Амазон, каде живеат повеќе од 20 милиони луѓе.

Повеќе од 75.000 пожари избувнаа од почетокот на годинава, што е за 83 проценти повеќе од лани, и најмногу откако се води евиденција за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Потресно сведоштво на домородците: Ранчери намерно го опожаруваат Амазон

Бразил нема пари за да се бори против пожарите во Амазонија

(Видео) Горат „белите дробови“ на планетава: Во Амазон пожар на територија голема колку Велика Британија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александар Михајлов повеќе не е акционер, штипски “Хед ком се“ купи акции во Уготур

Редакција

173 се реинфекции: Нови 1.822 случаи на Ковид-19

Редакција

Украдени 40 милиони евра: Голем корупциски скандал за набавка на оружје во Украина

Редакција