еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Најуспешна сезона до сега: Скопскиот Аква Парк ќе работи до 8-ми Септември

Аква-паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“, ова лето ја имаше најуспешната сезона досега со над 37.000 продадени влезници, информираат од таму.

„Посетителите цело лето имаа можност да уживаат во сите атракции и места за одмор кои ги нуди паркот. Аква-паркот ќе работи и овој викенд до 1-ви септември, а последна шанса за релаксација и забава оваа сезона, посетителите ќе имаат наредниот викенд, односно на 7-ми и 8-ми септември, а деновите од понеделник до петок нема да биде отворен за посета.

По затворањето на Аква Парк, рекреативно ќе може да пливате и во затворениот базен во СЦ „Борис Трајковски“ во одредени термини, а од понеделник во спортскиот центар започнува и нова сезона на аеробик-вежбање со термин од 19 часот секојдневно од понеделник до петок.

Во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ работи и кугланата, реновирана и подготвена за родендени, прослави, тим билдинг и професионално и аматерско натпреварување во куглање.

Другите содржини кои ги нуди центарот се  сауна, пинг понг, фитнес, а наскоро ќе започне и концертната сезона, како и спортските натпреварувања во арената и малата сала“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Виз ер“ ја претстави новата полиса за багаж за патниците

Редакција

Адора со поддршка на младиот мото крос талент Антонио Дамјановски – македонската „Златна кацига“

Редакција

(Галерија) Зградите и обележјата во Скопје во сина боја за Светскиот ден на детето

Редакција