Адвокатот Стеван Павлески, ѝ го откажал полномоштвото на специјалната обвинителка, Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“, објави порталот Сакам да кажам.
„Точно е дека го откажав полномошното на госпоѓа Јанева, продолжувам да ги застапувам моите досегашни клиенти во предметите на Специјалното обвинителство“, изјави за Сакам да кажам, Павлески, кој е поранешен Државен обвинител.
Тој дојде заедно со Јанева на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а потоа ја бранеше кај судија на претходна постапка од мерката притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли „тепачка“ кој да ја замени притворената Катица Јанева
Која е процедурата за разрешување на Катица Јанева
Фото: А1он
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.