Агенцијата за електронски комуникации го објави годишниот извештај за развојот на пазарот на електронски комуникации во кој меѓу другото се објавени податоците за пазарниот удел на мобилните оператори во приходите остварени од обезбедување на мобилни комуникациски услуги на малопродажниот пазар за 2018 година.
„Како што може да се забележи од графиконот најголем пазарниот удел има
Македонски Телеком со 52,13% додека А1 (оне.ВИП Оператор) има пазарен удел од 47,31%, Лајкамобајл има пазарен удел од 0,56% додека Роби има незначителен удел“, се вели во извештајот.
Пазарните удели се пресметани за вкупниот приход кој претставува сума од приходи од: услуга за започнување на повик, од месечна претплата, од пренос на податоци, од терминална опрема,од СМС, од ММС, од роаминг (сообраќај, СМС и дата) и останати приходи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
А1 каска зад Македонски Телеком на пазарот на фиксна телефонија
А1 и Македонски Телеком во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија
„Македонски Телеком“ ги „шие“ останатите оператори според бројот на претплатници на интернет