еМагазин
Image default
Бизнис

„Тивка смена“ во АЕК: Стевица Јосифовски нов претседател наместо Гордана Клинчарова

Стевица Јосфовски е избран за нов претседател на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации на местото на досегашната претседателка Гордана Клинчарова, која е разрешена од функцијата.

Интересно е што на последната седница на Комисијата имало спротиставени ставови на членовите околу објавувањето на причините за промената.

„Образложението за причините за разрешување на досегашниот претседател Гордана Клинчарова, јавно нема да бидат објавени.

Се повикува членот на комисијата Гордана во рок од 5 дена да достави свое произнесување по однос на причините кои се доставени и со нејзина согласност ќе бидат објавени на веб страната на АЕК.

Овој предлог се стави на гласање, тројца гласаа за: Стевица Јосифовска, Ервин Реџепагиќ и Дешира Имери и двајца гласаа воздржано и тоа Гордана Клинчарова и Горан Велинов“, пишува во записникот.

По ова збор побарал членот Горан Велинов.

„Мојата воздржаност по однос на записникот се должи на тоа што на овој состанок беше разрешен претседателот на Комисијата и беше донесен заклучок за поведување на постапка за разрешување на директорот, но со аргументи изнесени на самиот состанок дека тоа е направено неосновано или
незаконски, последната верзија на записникот не е соодветна.

Сметам дека треба да се објави проширена верзија на записникот што беше и досегашна пракса за објавување на записниците од комисијата.

На самиот состанок јас истакнав дека образложението на Стевица Јосифовски е базирано на наводни процедурални пропусти што ако се прифатат како основи за разрешување на претседателот на Комисијата, во иднина на сличен начин неосновано или недокажано ќе може да биде сменет било кој претседател или член на Комисијата.

Јас сум категорично против воведување на ваков начин на работење на Комисијата“, вели во изјавата Велинов, која е објавена во записникот од седницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата во јануари досега изнесува 147 евра за мегават час

Редакција

Почна постапката за избор на универзален снабдувач на струја

Редакција

Рудници Бањани откупи сопствени акции

Редакција