еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Се сеќавате ли кога последен пат ви ја зголемиле платата?

Колку и да звучат убаво информациите дека Владата ќе субвенционира зголемување на платите во приватниот сектор, како и дека се преговара околу зголемување на минималната плата очигледно е дека надлежните се обидуваат со популистички мерки да ја подобрат сликата за македонскиот стандард и да ги затскријат лошите економски резултати за кои најдобро говори бруто домашниот производ кој никако не може да порасне над 4 отсто, а камоли да достигне 7 или 8 отсто колку што се потребни за осетлив пораст на економијата и подорбување на живеачката на населението.

Популистички мерки какви што се субвенции на придонеси за зголемување на платите до 100 евра и зголемување на минималната плата не се конзистентно решение кое може да доведе до подобрување на стандардот на граѓаните, туку евентуално да ја ублажи сиромаштијатата во која живеат неколку стотици илјади Македонци. Поразително е што голем дел од нив се сиромашни иако имаат постојано вработување.

Економската логика не познава зголемување на платите освен кога тоа не е резултат на зголемување на продуктивноста односно профитот на компаниите така што ваквата државни интервенција наликува на некои други времиња, а не на пазарно ориентирано капиталистичко општество какво што е нашето.

Дури и смешно е што кога се зборува за субвенционирање на придонесите никој од Владата не кажува дека тоа ќе важи за зголемување на платите од 10 до 100 евра, туку сите ја „верглаат“ горната граница небаре придонесите беа единствена причина што работодавачите ретко ги зголемувааат платите.

Факт е дека мнознството работници во Македонија се уште земаат плата која е под просечната и дека голем број од нив не виделе золемување на платите со години, главно поради скржавоста на работодавачите, но и несоодветните економски политики на државата која не создава услови за побрз пораст на економската активност што следствено би довело и до поттикнување на газдите да ги покачат месечните примања на вработените.

За жал, долгогодишното третирање на работниците како потрошен материјал односно како гласачка машина сега од глава ќе им се удри и на работодавачите и на политичките елити бидејќи поради иселувањето на младите веќе се чувствува недостиг од работници во повеќе дејности.

Така што, шминката како што се субвенциите за покачување и порастот на минималната плата сега веќе не помага, туку е време за поправедна распределба на капиталот доколку во иднина воопшто сакаме да имаме работници и економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков, тврди и дека Муцунски одбил средба со неговиот колега

Редакција

Стефанова на судењето за „Рекет“: Политичари и судијката Кацарска вршеа притисок за притворот на Камчев

Редакција

Ќе остане ли некој во ВМРО-ДПМНЕ: И претседателот на УМС Кржалоски, поднесе оставка

Редакција