Според податоците што произлегуваат од мониторингот со помош на алатката за отчетност и транспарентност, Владата во четвртиот циклус од своето владеење, односно во периодот од декември 2018 до мај 2019 година, ги намалила вкупните трошоци за 26 проценти, во споредба со првиот мониториран циклус кој го опфати перидот од јуни до крајот на ноември 2017 година.
Овој извештај кој се однесува на личните службени трошоци на премиерот, замениците на претседателот, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, за периодот декември 2018 – мај 2019 година, бележи вкупни трошоци од 16.184.264 денари, за разлика од првиот мониториран циклус, веднаш по стапувањето на должност на актуелната влада, кога се забележани трошоци во висина од 21.876.430 денари.
„Падот на вкпуните лични службени трошоци на носителите на јавни функции опфатени со овој мониторинг, бележи континуитет, ако се земе предвид и податокот за вкупните трошоци за претходно мониторираниот периодот од јуни до ноември во 2018 година, кога тие изнесуваа 18.259.116 денари.
Колку за споредба, вкупните угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите, во првиот мониториран период (јуни – ноември, 2017 година), изнесувале 5.965.616 денари, а во најновиот извешатен период (декември 2018 до мај 2019 година) се намалени на 3.211.886 денари.
Вкупните угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти, од 4.098.762 денари, паднале на 1.610.929 денари во споредбените мониторинг циклуси, додека, пак, угогостителските услуги во странство од 935.652 денари се намалени на 716.318 денари“, се вели во соопштението на Влада.
Заклучно со четвртиот мониториран циклус од декември 2018 година до мај оваа година, Алатката веќе нема да ги прикажува трошоците на функционерите од претходната влада, бидејќи споредбата ќе го зафати периодот на техничката владата.
До Алатката за отчетност може да се пристапи преку следниов линк: vlada.mk/otchetnost-troshoci.