еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата им додели апанажа на четворица бивши директори на државни институции

Владата на една од последните седници им доделила право на апанажа на четворица разрешени функционери.

На Бардул Насуфи, разрешен од должноста директор на Бирото за јавни набавки му е утврдено право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од 9 месеци, сметано од 17.7.2019 година до 17.4.2020 година.

Владата на Милутин Станиќ, разрешен од должноста директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган во состав на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, му утврди право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од 9 месеци, сметано од 24.7.2019 година до 24.4.2020 година.

На Кирил Петров, разрешен од должноста директор на Државниот архив на Република Северна Македонија му е утврдено право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од 12 месеци, сметано од 17.7.2019 година до 17.7.2020 година.

Владата на Вулнет Адеми, разрешен од должноста директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, му утврди право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од 9 месеци, сметано од 17.7.2019 година до 17.4.2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави плати лани во Македонски телеком имале Зоран Китанов, Садула Дураки, Нина Ангеловска…

Редакција

234 нови случaи на Ковид-19 од 1.208 тестирања, во Скопје 99

Редакција

Единаесет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, заболена и една наставничка

Редакција