Претседателката на Собранието на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски (Боки 13), Агапи Дика, по денешниот распит во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за случајот “Рекет“, изјави дека не знае каде се парите кои бизнисмени ги уплаќале на невладината.
„Истрагата ќе покаже”, рече Дика, чиј распит траеше околу два часа.
Вчера на распит била и Јованка Кухар, финансиска раководителка и координаторка во Меѓународниот сојуз, а денеска е повикан и бизнисменот Зоран Азманов.
Во случајот „Рекет“, освен Бојановски, кој е првоосомничен, осомничени се и Зоран Милески и поранешната специјална обвнителка Катица Јанева.
До сега на распит за „Рекет“ беа неколку бизнисмени, обвнители во поранешното Специјално јавно обвнителство (СЈО)…, но не и Јовановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Азманов: Боки 13 ми се закануваше со документи од СЈО и Финансиска полиција