Обвинителите во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), имале „црн фонд“ во кој секој месец издвојувале по 3.000 денари, а останатите вработени по 1.000 денари, пишува Фокус.
Парите од фондот досега се користеле за свадби, прослави, незгоди…, а сега како што пишува Фокус, поранешната специјална обвнителка Катица Јанева од притвор со наводно писмо бара пари од фондот за да се брани за „Рекет“.
За Фокус информацијата ја потврдуваат неколку обвинители.
Дојче веле пак пишува дека во моментов користењето на тој фонд е блокирано, со оглед дека Јанева ги одобрувала средствата.
Обвинителите сметаат дека по истиот принцип по кој се собрани, парите сега треба да им се распределат на сите вработени, вклучително и на поранешната шефица, без разлика дали навистина ги бара и за каква потреба, пишува Дојче веле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ