еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како ли ви текна: Очајна мерка е да се субвенционираат плати за да си одат административци

Македонската Влада се чини дека е во очај и не знае што да прави со вишокот вработени во администрацијата кои одат на работа колку да земат плата, па ја разгледува идејата со субвенции за повисоки плати да ги натераат овие лица да преминат во приватните компании.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вчера изјави дека Владата планира реорганизација односно намалување на администрацијата преку понуда на неколку пакети.

Имено, во првата варијанта ќе се нуди поголема плата во приватен сектор и субвенции од државата во делот на придонесите за да бидат мотивирани фирмите и работниците. Втората, како што рече е по барање на стопанските комори, а тоа е државата да плати за нивни прекфалификации доколку немаат соодветни кфалификации кои што се бараат во приватниот сектор.

Во двата случаи се чини дека е Владата е јалнаш во однос на средувањето на состојбата во јавната администрација.

Зарем, оттаму сметаат дека приватните компании ќе се затрчаат да вработат луѓе кои се навикнати да дремат во администрацијата или пак дека административците туку така ќе се откажат од своите работни места каде што, секоја чест на исклучоците, во повеќето случаи владее правилото клати врата-земај плата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈСП Скопје вработува 100 помлади возачи, плата од 20.003 денари

Редакција

Филипче: Епидемијата со Ковид-19 го достигна пикот пред една недела, бројот на активни случаи се стабилизира

Редакција

Иванов ја добил поканата откако завршила церемонијата за подигање на знамето на НАТО

Редакција