еМагазин
Image default
Забава

(Видео) „Ај Кју“ направија прекрасна преобразба на песната „Јано Мори“

По неколкуте синглови со кои „Ај Кју“ смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“.

Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал и остварувајќи нови соработки. Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.

Тоа што е интересно е нивниот пристап кон трансформирање на еден ваков мелос во модерен и современ звук на кој тие заедно работеа со нивниот англиски ко-продуцент.

На оваа добро позната мелодија многу природно се надоврзува гласот на Марија кој со својата мекост и ненаметливост ѝ дава свежина на целата песна.

Главниот и одговорен иницијатор за оваа уникатна преобразба на „Јано Мори“, Бојан, совршено го вметнува својот печат преку неговото препознатливо свирење на гитарата и мелодиското развивање на самата песна.

За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко, кој одлично ја отсликува и визуелизира целата атмосфера на филмот кој го ткаат Бојан и Марија.

Се разбира, приказната за оваа песна на „Ај Кју“ не застанува тука, подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.

Фото/Видео: Youtube/Eye Cue Official

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Совршена комбинација: „Трепет“ е новата песна на Sarah Mace и Eye Cue

Редакција

„Архангел“ и Филхармонија со бесплатен концерт за 26 јули во Градски парк

Редакција

Во четврток почнува „Вино фест“ пред Веро центар

Редакција