еМагазин
Image default
Македонија

Во ноември му истекува времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев

Во ноември му истекува времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“, беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.

Камчев го побара времениот пасош поради неодложни службени патувања и задолжителна едукација.

Покрај Камчев, во случајот „Империја“ осомничени се и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Цветан Панделески, Владислав Стајковиќ и уште седуммина други за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лиле Стефанова останува надлежна за „Империја“ во кој се гонат Камчев и Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Кунгуловски: Во услови на дефицит потребен е еднодозен режим на вакцинација кај што повеќе луѓе

Редакција

Убава вест: Во Македонија од коронавирусот заболени уште само 26 здравствени работници

Редакција

Денеска почнува новото судење за масовното прислушување, Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа

Редакција