еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Постои опасност да побегне и да го повтори делото: Апелација одлучи Боки 13 да остане во притвор

Апелацискиот суд Скопје не го прифати барањето на одбраната на осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот„Рекет“ да му се укине мерката притвор.

По разгледувањето на жалбата, Судот одлучил дека се уште постои опасност Боки 13 да побегне, како и да го повтори делото.

Јовановски на вчерашната јавна седница во Апелацискиот суд се пожали дека тоа што физички изгледа добро, не ја отсликува неговата реална состојба.

Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Јавното обвинителството (ЈО) заедно со второосмоничениот Зоран Милески – Кичеец. По неколкучасовниот распит Јовановски беше изведен пред Суд, каде на барање на ЈО му беше одредена мерка притвор.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, третоосомничена е и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор.

Второосомничениот пак  во „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец е пуштен во куќен притвор.

Во изминатиот период во врска со овој случај во ЈО сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

МИА/Инстаграм/Боки13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Боки 13 бара укинување на притворот: Состојбата ми е загрозувачка по животот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на Народната банка за набавка на горива вреден 40.000 евра

Редакција

(Видео) Запленета дрога вредна шест милиони евра од фабрики за канабис во Кавадаречко и Битолско 

Редакција