еМагазин
Image default
Македонија

Поглаварот на ИВЗ, Реџепи сторил кривично дело перење пари, тврди Скендер Бузаку

Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) доставил докази кои според него покажуваат дека поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи сторил кривични дела „перење пари“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Бузаку тврди дека Реџепи перел пари преку приватна фирма и со тоа противправно земал 700 илјади евра од ИВЗ.

– Доказите кои ги доставив до ОЈО укажуваат на фактот дека осомниченото лице има сторено кривично дело со кое е нанесена штета од големи размери, присвојување на парични средства во износ од над 700 илјади евра, уплатени оваа година. Има фактура од 2019 година, трансфер на средства и докази. Утврдената штета е 700 илјади евра. За престој во Саудиска Арабија, ИВЗ платило 650 илјади денари на приватна фирма. Таксата за престој е утврдена во износ од 510 евра и парите треба да се уплатат директно во Министерството за аџилак, вели Бузаку.

Tој додава дека Реџепи таксата за престој наместо во Министерството, ја уплатил преку посредник во приватна фирма регистрирана надвор од земјава, и на тој начин ги перел парите.

Бузаку очекува ОЈО да ги преземе сите потребни дејствија, и појасни дека во наредниот период ќе продолжи да објавува нови докази за извршени кривични дела од страна на  Реџепи.

– Наводите дадени од страна на Сулејман Реџепи во кое се употребени лични навреди упатени до мене тврдејќи дека мојата изјава претставува рекет врз ИВЗ и до него, а со оглед на доставените докази кои ги покажувам денес пред пошироката јавност јасно може да се заклучи дека единствен рекетар на ИВЗ е Сулејман Реџепи кој преку оваа фактура има присвоено парични средства, истакна Бузаку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе го „подбере“ ли некој конечно поглаварот на ИВЗ, Реџепи за континуирано јавно ширење омраза

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман за ултиматумот од Бузаку: Не се занимавам со геј

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ги презеде сите неопходни активности за да се истражи страшната сообраќајна несреќа, вели бугарскиот премиер Јанев

Редакција

Новите пасоши ќе бидат обезбедени за седум до 10 дена, вели Чулев

Редакција

МВР регистрира 501 прекршок за неносење маски

Редакција