еМагазин
Image default
Бизнис

Заев: Ќе има зголемување на прагот за ДДВ обврзници

Ќе се зголемува прагот од еден милион денари за плаќање ДДВ. Министерството за финансии работи на предлогот и наскоро треба да излезе во јавноста, најави денеска премиерот Зоран Заев.

„Прогресивниот данок е воведен, ние го викаме правичен. Во делот на физички и правни лица за лимитот на ДДВ од еден милион денари, Министерството за финансии работи на таа проблематика, бидејќи се уште нема методологија за поврат на ДДВ.

Следните денови Министерството за финансии ќе излезе со податок во фукција на исполнувње на програмското ветување на оваа Влада. Ќе има промени, не знам дали ќе биде три милиони, два милиони, 2,5 милиони или слично, ќе има одредени промени како поддршка на економијата и севкупната потрошувачка на граѓаните“, изјави премиерот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана склучи договор со “Пуцко петрол“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

Две неуспешни аукции за продажба на зградата на Еуростандард банка, закажана е трета

Редакција

Заменик-министерката за финансии, Елези: Ребалансот на Буџетот најдоцна до почетокот на октомври

Редакција