еМагазин
Image default
Бизнис

Бензинот „еуросупер БС-95“ поевтинува, цената на другите горива останува иста

Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,5 денари, малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“ и на „еуродизел“, не се менуваат и остануваат 70, односно 62 денари за литар.

Како причина за промена на цените од РКЕ ги посочуваат за околу 1,68 отсто пониската референтна цена на бензинот на светскиот пазар во изминатите седум дена, зголемената цена за 1,31 отсто кај дизелот и за 0,68 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена добивката на Факом во првите девет месеци

Редакција

Нема кој да купи: Непродадени 5.340 нови станови, а се градат уште 11.322

Редакција

Фондот за здравствено осигурување вработува, плата до 23.916 денари

Редакција