еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

„Корпа“ за Македонија од Советот на министри на ЕУ: Конечната одлука оставена на лидерите

Земјите членки на ЕУ не успеаја да се договорат за отворање на преговорите за членство со Македонија и Албанија, изјави попладнево министерката за надворешни работи на Финска, Тити Тупураинен, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

„Прашањето за отпочнување на преговорите ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот кон крајот на неделава“, нагласи Тупураинен на прес-конференција во Луксембург по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Еврокомесарот за проширување во заминување Јоханес Хан изјави дека „ова не беше најславниот момент на Европа“, додавајќи при тоа дека „значително мнозинство“ на членките на ЕУ ја поддржале препораката за отпочнување на преговорите со двете земји.

„Нема сомневање дека секое понатамошно одложување ќе наштети на нашата кредибилност на Западен Балкан и на нашите амбиции да станеме посилен глобален играч“, додаде Хан.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција, Германија и Италија против разделување на пакетот Македонија и Албанија за преговори со ЕУ

„Перфектен тајминг“ за скандалот со Асим Муса: ЕУ во ист кош треба да ги стави Македонија и Албанија?

Не чека ли ново понижување од ЕУ преку јалов обид за одложени преговори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Херојот Јован Костадинов за првпат раскажа како спасувал повредени во пожарот во Кочани

Редакција

Од Ковид-19 починаа 29 лица, на возраст од 37 до 81 година

Редакција

16 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Чаир, градоначалникот Ганиу смета дека бројката е поголема

Редакција