еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Можен ли е пресврт во 5 до 12 за Македонија на ЕУ самитот: Германците знаат да играат до последната секунда

Надежта последна умира, а превртливоста е една од главните карактеристики на политичарите кои се спремни да ги менуваат своите ставови од минута во минута.

Ништо поразличен не е ниту францускиот претседател Емануел Макрон кој вчера порача дека Македонија и Албанија треба да се стрпат за ЕУ да си го среди сопствениот двор со што предизвика огромна разочараност кај граѓаните на двете држави.

Дали станува збор за блеф со кој Франција сака да избори подобри позиции во однос на Германија при одредувањето на правецот по кој ќе се движи Европската Унија во иднина или пак Макрон ќе остане цврст во своите ставови ќе се покаже денеска.

Сепак, не треба да се игнорира изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел која ги релативизираше тезите дека меѓу двете земји постои судир околу перспективата на Албанија и Македонија односно кажа дека Берлин и Париз се согласни дека на земјите од Западниот Балкан им е потребна ЕУ перспектива.

Таа додаде и дека процесот на проширување мора да се направи потранспарентен и реверзибилен, како и дека меѓу Франција и Германија остануваат само неколку „различни нијанси“ по ова прашање.

Уште поважно е што Меркел изјави и дека двете страни сакаат до денес да размислат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, кои, како што наведе Меркел, треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки. Таа оцени дека во предвечерјето има време двете земји да се усогласат.

Германците сто пати до сега покажале дека знаат да играат фудбал до последната минута и да постигнат победонесен гол на неколку секунди пред крајот на натпревараот.

Наместо да очајуваме од француското „не“ можеме само да се надеваме дека Меркел ќе најде начин да се испазари со Макрон и за македонското прашање.

А, доколку тоа не се случи треба да и посакаме на ЕУ побрзо да се соземе од летаргијата во која западна бидејќи после Брегзит и евентуалното фијаско со проширувањето нејзината судбина станува уште понеизвесна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остаревме со лажна надеж за ЕУ: Самите сме виновни ама и европјаните се за жалење

„Само Крсто може да ја отвори вратата од ЕУ“: Твитер „експлодира“ чекајќи датум за преговори

„Корпа“ за Македонија од Советот на министри на ЕУ: Конечната одлука оставена на лидерите

Франција, Германија и Италија против разделување на пакетот Македонија и Албанија за преговори со ЕУ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која фирма донирала за претседателската кампања на Бујар Османи

Редакција

Велешки “Ветекс“ во првото полугодие со добивка

Редакција

(Фото) Само во Македонија: Надгробна плоча стана „декор“ на улица во Ѓорче Петров

Редакција