еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Ај аирлија уште едно вето“: Твитер реакции за одлуката на Холандија да стопира проект за Судскиот совет

Холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп информираше дека неговата земја ставила во мирување проект за Судскиот совет, оти според него оваа институција станала нелегитимно тело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандија ставила во мирување проект поврзан со Судскиот совет, кој според холанскиот амбасадор станал нелегитимно тело

Судскиот совет во континует го следат бројни скандали, а последниот беше со нелегитимната смена на претседателката Весна Дамева.

Прашан за состојбата на правосудниот систем, холандскиот амбасадор Коп во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека тоа е централно прашање, кое Холандија го следи внимателно.

-Тоа е дел од поглавјето „основи“ кое прво се отвора, а последно се затвора и ќе остане од висока важност во целиот процес. Но, она што ние напротив го гледаме е дека сите случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој, а сега го имаме и случајот со Судскиот совет, кој всушност стана нелегитимно тело.

Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан, Холандија сега стави во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет. Ситуацијата е многу сериозна, изјави Коп.

Оваа е една од главните теми на Твитер, а еве дел од твитовите:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На продажба пакет од 1.783 акции на Реплек преку моделот “се или ништо“

Редакција

(Аудио) „Пукнаа“ две нови „бомби“ за Заев

Редакција

Фармацевтските компании „трагично потфрлија“ во одговорот на глобалната криза со Ковид-19, оцени Амнести интернешнл

Редакција