Хоспитален оддел, поликлинички педијатриски и неонатален оддел и 24/7 ургентен центар со три интензивни неги – неонатална, кардиохируршка детска и педијатриска се дел од новата најсовремена Педијатриска болница, која се наоѓа во комплексот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Новата Педијатриска болница е единствена од ваков тип во регионот. Распространета на површина од 4.000 квадратни метри, таа содржи и педијатриски ургентен центар, педијатриска кардиохирургија со интензивна нега и интервентна педијатриска кардиологија, дневна болница, Центар за рано откривање и третман на деца со сите форми на развојно доцнење. Во болницата се вклучени 210 врвни професионалци.
„Денес сме тука да го одбележиме проширувањето на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со отворање на новата Педијатриска болница. Болницата ги содржи сите педијатриски супспецијалности и е достапна за сите пациенти, како амбулантски така и хоспитални, а овозможува и изведување и на најкомплицираните педијатриски интервенции и кардиохируршки операции кај деца.
Нашата цел е да ги унапредиме услугите за пациентите на Македонија и на регионот. Проширувањето се однесува на 4.000 метри квадратни но нашите планови не запираат туку, продолжуваме да растеме и да се развиваме согласно со потребите на пациентите во Македонија и целиот регион,“ изјави Ѓун Ѓунсој, главен-извршен директор на „Аџибадем Систина“
Поликлиничкиот дел располага со 14 педијатриски и 4 неонатални амбуланти со што на едно место овозможува комплетна грижа за детското здравје.
За децата се грижат 36 врвни и искусни педијатри – супспецијалисти по детска кардиохирургија, детска кардиологија, детска ревматологија, детска пулмоалергологија, детска неврологија, детска нефрологија, детска хемато-онкологија.
Во рамки на болницата има и развојна педијатрија, ортопедија, стоматологија со анестезија, гастроентерохепатологија. Ќе функционира и специјална детска едукација, детска офталмологија, детска анестезиологија, детска дерматологија, детска радиологија, детска оториноларингологија, детска диетологија и нутриција.
Новата Педијатриска болница има капацитети за изведување на секаков вид хируршки зафати кај децата – детска кардиохирургија и детска хирургија.
Во детскиот кардиохируршки дел ќе бидат опфатени хирургија на новородено и помало дете, детска дигестивна хирургија, детска урологија и детска реконструктивна урологија, детска траума, детска торакална хирургија, детска онколошка хирургија, детска пластична хирургија, детска неврохирургија, хирургија на уво, нос и грло кај дете и детска ортопедија.
Благодарение на софистицираната, напредна опрема со која располага болницата, најголем дел од интервенциите се изведуваат со минимално инванзивен пристап преку мал оперативен рез со кој се постигнува помала болка, побрзо заздравување и пократок болнички престој на детето.
„Денеска ја промовираме новата и најсовремена Педијатриска болница којашто овозможува мултидисциплинарен пристап во решавањето на здравствените проблеми кај децата, односно една интегрална грижа за здравјето на секое дете. Ова педијатриска болница е единствена од ваков вид во нашата земја и овозможува згрижување на деца од 0 до 16 години од сите области на педијатријата“, изјави шефот на педијатрија д-р Душко Фидановски.
Поликлиниката располага и со 10 дијагностички амбуланти и тоа кабинет за ехосонографија, спирометрија, кабинет за пулмо-алергологија, EMG-кабинет, EEG-кабинет.
Функционира и кабинет за детска бронхоскопија со анестезија, кабинет за дијагностика на болести на крвта (цитоморфолошка анализа на периферна размаска, биопсија на коскена срцевина со цитоморфолошка анализа, дијагностика на малигни заболувања а крвта и солидни тумори, кабинет за инванзивни дијагностички процедури, ендоскопски иследувања, кабинет за детска гастроскопија и кабинет за детска колоноскопија со анестезија, биопсија на органи, радиолошка и имиџинг дијагностика, PET – CT, MRI 3 Tesla, MRI 1,5 Tesla, CT 128 SLICE, дигитален X-RAY со можност за детска анестезија, како и сала за катетеризација за изведување кардиолошки процедури кај деца.
Медицинскиот тим го сочинуваат и 80 медицински сестри, 36 болничари и друг дополнителен помошен персонал.
Педијатриската болница по бројот на персонал, услугите и третманот кои ги нуди за децата, заедно со врвниот кадар на реномирани доктори, како и најнапредната технологија и апаратура со која е опремена го добива приматот на единствена и најсовремена педијатриска болница од ваков тип во земјата и регионот.
Во склоп на Педијатриската болница, функцонира и педијатриски стационар со 16 болнички еднокреветни соби, од кои две ВИП-соби и една изолација со негативен притисок.
Неонаталниот стационар, пак, располага со 27 неонатални кревети по принципот мајка-дете (rooming in).
Најсовремен педијатриски ургентен центар
Со цел грижата за децата да биде достапна во секое време, во рамките на Педијатриската болница функционира и најсовремен Педијатриски ургентен центар 24/7 со 5 соби за опсервација и една сала за интервенции, конципиран по примерот на светските реномирани ургентни центри.
Со мултидисциплинарен тим доктори кои може да ги третираат сите итни состојби кај децата Ургентниот центар работи 24 часа, секој ден во неделата.
Ургентниот центар располага со сета неопходна апаратура за следење на децата и нивен третман, а воедно е дизајниран и опремен во пријатен детски амбиент со цел намалување на стресот и непријатноста од престој во болничка установа кај детето и неговата придружба.
Неонатална интензивна нега и итен неонатален транспортен сервис
Единицата за неонатална интензивна нега располага со 13 интензивни места од кои 2 места во изолација. Во неа работат најдобрите експерти за интензивно лекување и следење на предвремено родени и критично болни бебиња и високообучени медицински сестри.
Опремена е со најсовремена технологија за згрижување и престој на новороденчињата (инкубатор и топли легла т.н. вормери или babyterm), мониторинг (24-часовно следење на основните витални параметри) и помош при дишењето (т.н. машини за инванзивна и неинванзивна респираторна поддршка). „Аџибадем Систина“ овозможува транспорт на критично болни новороденчиња, доенчиња и деца од еден до друг медицински центар во земјава и во регионот, како и транспорт кон и од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Високоспецијализираната мобилна единица за транспорт и интензивна нега располага со најсовремено санитетско транспортно возило, софистицирана опрема: транспортен инкубатор со респиратор и монитор, сет за интубација и инфузиомати.
Овој сервис го спроведува медицински тим кој го сочинуваат 12 доктори (7 неонатолози интензивисти и 5 педијатриски интензивисти) 10 медицински сестри, посебно обучени за изведување итен неонатален и педијатриски транспорт.
Референтен центар за детска кардиохирургија
Во склоп на Педијатриската болница е сместена и педијатриската кардиохирургија со кардиологија, и првиот комплетно опремен и кадровски екипиран педијатриски кардиохируршки центар во земјава кој овозможува дијагноза и третман на деца со вродени и стекнати срцеви аномалии.
Модерно уредениот простор располага со болнички стационар и кардиохируршка интензивна нега опремени со најмодерна медицинска технологија која овозможува високопрофесионално 24- часовно згрижување и мониторирање на пациентите.
Во болницата се изведуваат кардиохируршки и кардиолошки третмани на вродени срцеви мани кои најчесто се изведуваат во првата година во животот, како и понатамошно следење на овие пациенти.
За здравјето на децата се грижи искусен тим составен од кардиохирурзи, педијатри со искуство во педијатриска интензивна нега, педијатар кардиолог, кардиоанестезиолози и медицински сестри обучени во областа на детската кардиохирургија и кардиологија.
Во Одделот за кардиохиругија е сместена и детската интензивна нега, која се состои од 7 педијатриски интензивни места и 7 педијатриско кардиохируршки места изградени според светски протоколи.
Докторите од Одделот за детската кардиохиругија се во постојана соработка со тим доктори од болниците на здравствената групација „Аџибадем“, Турција, зад кои стои богато искуство од над 15.000 изведени кардиохируршки интервенции.
Благодарение на нивната поддршка, целта на Одделот за детска кардиохирургија е да го преслика успешното искуство на болниците на „Аџибадем“, Истанбул, и да прерасне во референтен центар за кардиохируршки пациенти од целиот регион.
Педијатриската болница на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“ покрај тоа што ги опфаќа сите аспекти за врвна медицинска грижа за децата, единствена е и по нејзиниот уникатен дизајн со тематика универзум.
Преку овој дизајн на целата Педијатриска болница се вметнати и едукативни и содржини од забавен карактер со што се овозможува едно дополнително искуство при посетата и престојот на децата.
Секое дете заслужува најдобра медицинска заштита и грижа која во новата Педијатриска болница може да ја добие на едно место. Оваа болница и целиот нејзин тим се подготвени да ги задоволат како редовните така и посебните и најспецифичните медицински потреби од најраната возраст – раѓањето на децата па сè до нивна доцна адолесцентска возраст.
Во нивниот сензитивен период на брз раст и развој, кога на секое дете му е потребна врвна и квалитетна грижа, Педијатриската болница на КБ „Аџибадем Систина“, со својата сестраност, професионалност, подготвеност и експертските тимови обезбедува нега прилагодена на сите потреби на децата во удобно, квалитетно, современо и безбедно опкружување.
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА