еМагазин
Image default
Интервју

Ачкоски: Книгата „50=100“ е практичен водич за самопомош на пациентот

Магистерот по фармација и топ едукатор Филип Ачкоски, пред извесно време ја промовираше книгата „50=100“ (50 здравствени совети за првите 100 години од животот).

Тој во интервју за „еМагазин“ вели дека книгата 50=100 има цел, на едноставен начин, да го подигне разбирањето на обичниот човек за најчестите медицински проблеми со кои се соочуваме секојдневно, на пример, покачен холестерол, дијареа, имунитет, дијабет, чести инфекции, покачена температура итн.

Што сакате да постигнете со нејзиното издавање?

– Книгата 50=100 (50 здравствени совети за првите 100 години од животот) претставува круна на проектот Топ Едукатор, на кој работев во изминатите две години и чија основна цел е подигнување на здравствената свест и култура, градење здрави навики и подобрување на сопственото здравје кај општата популација. Книгата 50=100 има цел, на едноставен начин, да го подигне разбирањето на обичниот човек за најчестите медицински проблеми со кои се соочуваме секојдневно, на пример, покачен холестерол, дијареа, имунитет, дијабет, чести инфекции, покачена температура итн.Книгата е практичен водич за самопомош на пациентот, овозможува да ги препознаеме раните симптоми на болестите и не насочува кога да се јавиме на лекар. На овој начин сакам да го дадам мојот личен придонес во зачувување на можеби најважниот сегмент
од нашиот живот – здравјето!

Накратко, кој е најважниот совет што треба да го добие читателот по читање на оваа збирка
текстови од здравството?

– На промоцијата на Вашата прва книга потенциравте дека единствено здравјето е еден од клучните темели за достоинствен, за среќен и за исполнет живот. Клучна порака од книгата е дека треба да се свртиме кон себе, да знаеме да ги читаме знаците кои ги дава нашето тело и да делуваме превентивно за да го задржиме оптималното здравје во што подолг период од животот. Бројни научни истражувања потврдуваат дека голем дел од најчестите медицински проблеми кај популацијата се директна последица на водење нездрав живот и во таа смисла, многу е важно да ја прифатиме нашата лична одговорност за сопственото здравје и здравјето на нашето семејство, бидејќи доколку дојдеме во ситуација да развиеме хронична болест, таа редовно го нарушува квалитетот на нашиот живот!

Како дојдовте на идеја да го реализирате проектот Топ Едукатор и зошто токму овој назив?

– Во текот на моето, повеќе од 15 годишно, професионално работно искуство во здравствениот сектор во Македонија и регионот имав можност да бидам организатор, водител и активен учесник на бројни семинари, работилници и едукации на здравствените работници со цел унапредување
на континуираната медицинска едукација.​ Можеби и уште позначајно, како едукатор и промотор на здрав животен стил, организирав и учествував во бројни кампањи и настани за подигање на свеста кај општата популацијата за важноста од изградба на здрави животни навики. Согласно со целите на проектот и моето професионално милје, сметам дека името на брендот – Топ Едукатор одлично се вклопува во намерата да промовираме здрав животен стил преку едукација и личен пример.

Ќе продолжите ли со проектот, кои се следните цели на Топ Едукатор?

– Проектот Топ Едукатор, со неговата благородна цел – унапредување на здравствената култура и здравјето воопшто – секогаш ќе има можности за надградување и „нема да излезе од мода“, бидејќи навистина има многу простор во овој дел. Краткорочно фокусот е на промоција на книгата
50=100, а на среден рок секако ќе се продолжи со комуникација на граѓаните преку разни канали (дигитални, социјални медиуми, ТВ и печатени медиуми) со надеж дека со стабилизација на здравствената состојба во земјата ќе се отворат можности и за повеќе јавни настани со широката
популација. На долг рок, во проектот треба да се вклучат и други стручни лица од областа на здравството, исхраната и спортот со што пораките на проектот Топ Едукатор би стигнале до што поширока популација.

Се соочуваме со најсериозната здравствена криза. Што им препорачувате на граѓаните околу
справувањето со Ковид 19 пандемијата?

– Кризата предизвикана од Ковид 19 вирусот значајно ги промени животите на секој од нас и нејзините здравствени и економски штети, за жал ќе ги чувствуваме уште долго после нејзиниот завршеток. Во моментов е најважно да се фокусираме на превенцијата од разболување (не само од овој вирус), бидејќи кризата негативно влијае и на достапноста и квалитетот на здравствените услуги воопшто. Друга важна компонента е да го сочуваме нашето психичко здравје кое е под драматичен удар во оваа ситуација на долготраен стрес, рестрикции во нашето движење,
однесување и животен стил воопшто. Затоа сега, повеќе од кога било треба да внимаваме на нашата исхрана, да се движиме во природа во секоја можност, да поминуваме повеќе време со најмилите и да го засилуваме својот имунитет со природни додатоци во исхраната, витамини и минерали.

Во секој ваш настап говорите за превенцијата. Кои се придобивките доколку сите сфатиме
дека е неопходно да превенираме болести?

– Флоскулата „подобро е да се спречи отколку да се лечи“ е особено апликативна во време на „корона кризата“, но сепак човекот има тенденција да не се грижи за проблемите кои не му се случуваат нему. Честопати дури кога здравјето е нарушено, почнуваме да бараме решение а понекогаш, за жал, може да биде и предоцна и да имаме непријатни симптоми, дури и долгорочни негативни последици. Затоа е важно да сме свесни за последиците од водење на нездрав животен стил и начините за превенција за што во суштина и се говори во книгата 50=100, која промотивно може да ја набавите и на следниов линк: stranica.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) The Hood: Очекувајте нова музика во иднина, другиот викенд свириме на „Андерфест“ во Скопје

Редакција

Јаневски: Туризмот не треба да биде скапа играчка во рацете на мало дете

Редакција

Стојчевска: Децата се инспирација која треба да ја искористиме за нивен развој и среќен раст

Редакција