еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Ацо Колевски едногласно избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Тој добил едногласна поддршка од членовите на Советот на денешната седница, и немал противкандидати.

Ацо Колевски е член на Советот од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески кој ја презеде должноста државен јавен обвибител.

Колевски ќе го наследи досегашниот претседател Коле Штерјев кој ја извршуваше функцијата од 31 август 2017 година.

Претседателот на Советот на јавни обвинители се избира од членовите со тајно гласање. Неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор.

МИА/Фото: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 894 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(Фото) Кај 29-годишен Албанец срцето и другите органи се на  спротивната страна

Редакција

Логистичкиот центар на Лидл кој се гради во Куманово, се простира на 64.0000 метри квадратни

Редакција