Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза информира дека денеска преку системска блок трансакција правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 15.191 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
„Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 245.347 обични акции, односно ќе има учество од 10,76% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје“, соопшти банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 1,4 милиони евра продаден блок од 15.191 акција од Комерцијална банка
Комерцијална банка со намалена добивка
Во Комерцијална банка 4.940 акционери, „Адора инженеринг“ најголем
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.