еМагазин
Image default
Македонија

Џафери до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои дојдоа во Собранието во скафандери: Се надевам дека нема да има кривични пријави за биолошки тероризам

На собраниската седница на која треба да се гласа за доверба на Владата, присуствуваат и двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во скафандери поради тоа што се позитивни на Ковид -19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Двајцата ковид-позитивни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во скафандери пристигнаа во Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на самиот почеток на седницата, откако ги повика да влезат во салата почитувајќи ги протоколите, изрази надеж дека „овој пат нема да има кривична пријава за биолошки тероризам“, укажувајќи на потребата за онлајн работа на Собранието.

– Се надевам дека нема да има кривична пријава за биолошки тероризам овој пат. Веројатно сите сме свесни што зборував пред година и пол за потребата од онлајн работа, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничка Ангелика Петкова од истата пратеничка група во скафандери пристигнаа во Собранието и учествуваат на парламентарното заседание.

Токму ВМРО-ДПМНЕ и Левица претходно поднесоа кривични пријави за непостапување според здравствените прописи против претседателот на Собранието, Џафери и пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, поради тоа што двајцата пратеници гласаа во скафандери и изолирани во кабините на Салата со Купола за пакетот економски мерки за справување со пандемијата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев побара од Џафери да ја води седницата, бидејќи не е спречен во тоа, Собранието на уште еден час пауза

Собраниската седница за недоверба на Владата прекината поради немање кворум, кога и дали ќе продолжи не се знае

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчките партии со непроменети позиции и по референдумот

Редакција

Завршен инспекцискиот надзор за случајот со родилката – лекарка, непознато кој ја украл нејзината лажна изјава

Редакција

Македонија преку ЕУ ќе добие пристап до лекот „ремдесивир“

Редакција