еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Џафери: Болните пратеници немаа контакт со ниту едно лице во Собранието, присуствуваа според протокол

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција се обиде да ги разјасни околностите околу одржувањето на вчерашните 32. и 36. седница и што му претходело на оваа постапка и зошто се дозволило двајца пратеници позитивни на Ковид-19 да бидат во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се двајцата пратеници болни од Ковид-19 кои во скафандери гласаа во Собрание

Џафери се повика на дополнување на Протоколот за спроведување на мерките со Ковид-19 од ноември минатата година, прифатен од државната надлежна комисија, рече дека се консултирал со многу лица пред да ја донесе оваа одлука за одржување на седниците и дека двајцата пратеници немале контакт со ниту едно лице во зградата на Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Гласањето во скафандери во македонскиот Собрание хит во регионов: „Вирус е вирус, но кворум е закон“

Исто така, тој ги посочи лицата кои биле во работната група и на проверка на протоколите што се спроведуваат во Собранието.

-Протоколот е донесен на 30 јули 2020 година, го потпишав додека бев во болница. Тој протокол беше претставен како целина пред државната Комисија за здравство и тој протокол таму е усвоен и добил пас и ја организиравме конститувната седница.

Во моментот кога требаше да ја избереме Владата, Арбен Зибери пријави дека има симптоми, во меѓувреме знаете дека дадовме опзицја да се размисли за онлјан работа на Собранието. Ни под разно не прифаќаа од опозицијата, рече Џафери.

Овој протокол, според претседателот на Собранието, бил претставен на координаторите на пратеничките групи на првата координација и поделен на координаторите.

-Имајќи ги предвид состојбите на 17 ноември 2020 година до државната Комисија, односно до Министерството за здравство, поднесов предлог за дополна на протоколот, за да се размисли стручно исто како лицата што се изолирани поради контакт со позитивно лице, а не се згрижени во здравствени институции, туку се лекуваат дома, доколку здравствената состојба им дозволува да можат по посебен протокол да доаѓаат во Собранието.

Добив одговор на 18 ноември со кој што се дополнува претходниот протокол и ги опишува условите под кои треба да се внесат пратениците во Собранието, во посебни простории и дека куполата може тоа да го овозможи и тоа е спроведдено, рече Џафери.

Според него, дополнувањето на протоколот е претставен на координаторите на пратеничките групи на 23 ноември, но во тоа време координаторите на пратеничките групи од опозицијата поради измената на Деловникот што го пуштил Џафери за одржување онлајн седници не учествувале на средбата.

Тој имал дополнителна средба со нив и ги известил за дополнувањето на протоколот.

-Но ценам дека не треба да се доведеме во ситуација. Досега водам преговори да не се доведам во ситуација да се условува кворумот во ситуација кога знаете дека колегите ви се болни, ниту е етички ниту е морално, рече претседателот на Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Двајца пратеници со Ковид-19 во Собранието гласаа во скафандери од кабина

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се вакцинираат по 2.500 лица на ден, досега за вакцинација се пријавиле 4.000 здравствени работници

Редакција

„ЕСМ Продажба“ објави повик за снабдување со природен гас на топланите и другите потрошувачи во државата

Редакција

Укината забраната за летови од Велика Британија

Редакција