еМагазин
Image default
Бизнис

Агенција за супервизија на осигурувањето: Осигурителните компании да не делат дивиденда

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) им препорача на осигурителните друштва кои 2020 година ја завршиле со добивка оваа година да се воздржат од исплата на дивиденда. Препораката денеска е испратена до сите осигурителни компании на домашниот пазар за осигурување.

АСО согледувајќи ги состојбите на осигурителниот пазар во актуелниот контекст одлучи дека постојат неколку објективни околности кои целосно ја оправдуваат препораката за воздржување од исплата на дивиденда.

„Еден од клучните фактори за носење на препораката е фактот што вкупните приходи од бруто полисирана премија (БПП) на целиот осигурителен пазар лани се намалени за 5 отсто во споредба со претходната година.

Дополнително на горенаведеното врз носењето на препораката влијае и тоа што од почетокот на годинава побарувањата нема да се признаваат како средства за покривање на техничките резерви на осигурителните друштва“, информираат од АСО.

Потсетуваат дека за зголемување на заштита на правата на осигурениците односно купувачите на осигурителните полиси и истовремено зајакнување на солвентноста и стабилноста на осигурителните компании донеле три суштински значајни правилници чија примена стапи во сила од почетокот на оваа година.

Имплементацијата на овие правилници, потенцираат од АСО, за осигурителните компании ќе значи дополнителни вложување финансиски средства и ресурси.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето е независно регулаторно тело, основано во 2009 година, кое го регулира пазарот за осигурување и се грижи за заштита на правата на осигурениците и развој на перцепцијата за значењето на осигурувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дигер“ доби тендер на ЕСМ за помошна механизација во РЕК Битола вреден 1,1 милиони евра

Редакција

Агенцијата СГС редовен добитник на тендерите за обезбедување на Археолошкиот музеј

Редакција

Горан Сугарески назначен за в.д. директор на Царинската управа, Ѓоко Танасоски разрешен од функцијата

Редакција