еМагазин
Image default
Бизнис

Акциите од „Агроплод“ и „Карбо Нова“ исклучени од котација на Македонската берза

Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од „Карбо Нова“ АД Крива Паланка, поради стечај на друштвото.

„Акциите издадени од „Карбо Нова“ АД Крива Паланка ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од 18.01.2021 година.

Одборот на директори на Македонската берза на истата седницата донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од „Агроплод“ АД Ресен поради извршена трансформација на друштвото во ДООЕЛ.

Акциите издадени од „Агроплод“ АД Ресен ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од 18.01.2021 година“, соопшти берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трифун Костовски: Кривичните пријави се на иницијатива на „човекот со чисти раце“, гласноговорникот во името на Зоран Заев

Редакција

Факом ќе дели дивиденда

Редакција

Автопатот Кичево-Охрид ќе чини дополнителни 187 милиони евра

Редакција