еМагазин
Image default
Бизнис

Шпаркасе ќе плати 5.577 денари за акција од Охридска банка на акционерите кои не сакаат замена на акциите

Надзорниот одбор на Охридска банка на седницата одржана на ден 15.01.2021 година го одобри склучувањето на Спогодбата за присоединување кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, по што истата беше потпишана во согласност со Законот за трговски друштва, соопшти банката преку Македонската берза.

„Согласно склучената спогодба, за акционерите на банката што се присоединува кои ќе се изјаснат дека не сакаат да примат акции во банката што презема во замена за нивните акции, банката што презема ќе изврши откуп на акциите на акционерите од банката што се присоединува по откупна цена од 5.577 денари за една акција.

Спогодбата ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранието на акционери на двете банки, а по добиена претходна дозвола за статусна промена од страна на Гувернерот на Народната Банка.

Спогодбата, прилозите и другите релевантни информации ќе бидат достапни за увид на акционерите согласно роковите предвидени со закон“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започна процесот на интегрирање на Охридска банка со Шпаркасе банка Македонија

Ќе има ли отпуштања на вработени со спојувањето на Охридска банка и Шпаркасе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма

Редакција

„ГТЦ“ ја зголеми добивката за 198 отсто

Редакција

Нова листа должници на УЈП: Меѓународен сојуз на Боки 13 должи 107.000 евра неплатен данок

Редакција