еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Трифун Костовски: Кривичните пријави се на иницијатива на „човекот со чисти раце“, гласноговорникот во името на Зоран Заев

Денес 17 октомври, јас еден од акционерите на Еуростандард Банка добив известување преку медиумите дека се покренати кривични пријави од Народна Банка против високи структури на Еуростандард Банка кои директно учествувале во носење на банката во стечај, се вели во соопштението на Трифун Костовски до медиумите.

„Одговорно изјавувам дека сум задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин.

Кривичните пријави се плод на иницијатива на човекот со чисти раце, гласноговорникот во името на Зоран Заев, кои ги најави на средбата со оштетените штедачи на ЕСБанка, а финализирани ако не од било кој друг, туку од Народна Банка.

По мене мојата колумна објавена на 13.10. 2020 на порталите, првенствено Инбокс7, Либертас и останатите беше повод за давање на зелено светло на Народна Банка за покренување на вакви кривични пријави.

Не се плашам, останува на мојот пат на вистината. Стечајот на Еуростандард Банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам. Притисокот од кривичните пријави и друг вид кои постојат во институциите на системот, воопшто не ме плашат, туку напротив, ме охрабруваат да продолжам со својата мисија,“ вели Костовски.

Инаку, вчера Народна банка извести дека поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка за предизвикување стечај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка поднесе кривична против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај на банката

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 19 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција

Кој е најголем акционер во Комерцијална банка

Редакција

Грета Тунберг е личност на годината според „Тајм“

Редакција