еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јакимовски ја прекина коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, на Мицкоски му порача “да си бара некој помлад за изживување“

Градоначалникот на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски денеска соопшти дека по 99 месеци ја прекинува коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ и дека таа коалиција повеќе не може да опстои во оваа скопска Општина.

– Јас како градоначалник со моите години и со моето искуство и со мојот карактер не можам да дозволам повеќе некој да се поигрува и со мене и со Советот на Општина Карпош, но и со интересите на граѓаните на Општина Карпош во кои влегуваат и обични граѓани и стопанственици и богати и сиромашни и од различни етнички заедници.

Затоа јас и Карпош мораме да им се спротивставиме на опструкциите, мораме да им се спротивставиме на командите од еден центар, соопшти Јакимовски на денешната прес-конференција.

Тој потенцира дека Општина Карпош и народот „си избрале свој градоначалник кој треба да ги штити нивните интереси“.

– Мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици од нашата Општина. Јас сум градоначалник на сите граѓани во Општина Карпош и од тие причини имам обврска да ги штитам интересите на сите граѓани во Општина Карпош, нагласи Јакимовски.

Тој нагласи дека смета оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „треба си бара некој помлад за изживување“

– Треба да побара некој помлад од мене и со поинаков карактер и помалку години зад себе. Повеќе ова не може да биде толерирано, потенцира Јакимовски, додавајќи дека во ВМРО-ДПМНЕ има пријатели и најверојатно со некои од нив и понатаму ќе остане пријател.

Јакимовски изрази благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржале во изборната кампања и нагласи дека се што имаат договорено и се што има обврска кон нив во Општина Карпош ќе биде испочитувано.

Тој посочи дека и натаму ќе ги исполнува обврските кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше дека сите граѓани и советници секогаш можат да му се обратат за решавање на проблемите.

– Моите разговори понатаму прекинуваат со Христијан Мицкоски. Тој е единствениот виновник зошто ја растураме оваа коалиција, која функционираше во многу тешки моменти, рече Јакимовски, додавајќи дека неговата партија ГРОМ нема да прави коалиција со никого и „ќе остане со граѓаните на Општина Карпош“.

Јакимовски рече дека заедно со ГРОМ и натаму остануваат опозиционери и ќе делуваат во интерес на сите граѓани.

МИА/Фото: Јакимовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите пратеници на местото на Дурловски, Лукаревска и Зекири

Редакција

Апелација: Катица Јанева останува во притвор, оти се уште постои ризик за бегство

Редакција

За финансирање на изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ ќе земе и кредит

Редакција