еМагазин
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Алармантно: Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Артикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот се уште не почнал да се замрзнува иако е крај на октомври. Засега тоа е најдоцен регистриран период во кој се уште не е создаден мраз.

Климатскиот научник Захари Леби од Државниот универзитет Колорадо истакна дека Арктикот во моментот има најмало количество мраз за овој период..

– Количеството ова есен е апсурдно, мора да обрнеме внимание на овие показатели на климатските промени, напиша Леби на Твитер.

Арктичкиот морски мраз најниска точка вообичаено достигнува во септември, а највисока во март, но сега дебелината на морскиот мраз е под просекот.

Еколозите предупредуваат дека недостигот на мраз не е само предзнак на трагичните климатски промени, туку може да влијае и врз животот во морето, бидејќи мразот со себе носи хранливи состојки за арктичкиот планктон.

Морето не е замрзнато поради необичното топло време во северниот дел на Русија, сибирскиот топлотен бран од пролетта, како и глобалното затоплување.

Создавањето на мраз на Арктикот е значително забавено изминатите години, а 2020, по 2018 е најлоша година.

МИА/Фото: Rowan Romeyn/Alamy Stock Photo

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силуваниот малолетник имал 8 години, силувачите 10 и 13

Редакција

УЈП распродава запленети автомобили и камиони за да наплати данок

Редакција

Македонците консумираат најмалку месо во Европа

Редакција