еМагазин
Image default
Бизнис

Алкалоид лани со 214 нови вработувања и инвестиции од 1,1 милјарда денари

Вкупните инвестиции во основни средства во Алкалоид АД Скопје за периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 1.186.125 илјади денари, информира компанијата преку Македонската берза.

Во периодот јануари-декември 2021 година во Алкалоид се реализирани 214 нови вработувања во Македонија.

“Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100% од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија.

Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето.

Во декември 2021 година, Управниот одбор по повод Јубилејот 85 години Алкалоид, одобри исплата на награда за вработените во нето износ од 28.000 денари.

Групацијата Алкалоид брои 2.528 вработени, од кои 1.942 се во базата во Скопје, а 586 се вработени во подружниците во странство“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид лани со раст на приходите за 4% и на добивката за 12%

Кои се очекувањата на Алкалоид за 2022 година

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија падна за 7. места во Дуинг бизнис 2020

Редакција

Комерцијална банка оствари добивка од 28 милиони евра за девет месеци

Редакција

Повеќе фирми, помалку граѓани на новата Листа на должници на УЈП

Редакција