еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид работи со максимален капацитет и нема да ги зголеми цените на производите

Компанијата Алкалоид АД Скопје во моментов работи со максимална искористеност на своите производни капацитети и човечки ресурси кои ни се на располагање, информираат од компанијата.

“Направивме реорганизација на сите процеси со цел да ги задоволиме барањата на македонскиот пазар за лекови, дезинфициенси, медицински алкохол, антисептици и останати средства со антибактериско дејство.

Во моментов, заради големата побарувачка на дел од горе наведените производи и предизвиците со кои се соочуваме при набавка и транспорт на суровини и амбалажа од увоз, можно е да се јави застој во некој сегмент, но во никој случај нема да се дозволи прекин во снабдувањето на било кој од споменатите производи.

Согласно вонредните услови на функционирање во „Алкалоид АД Скопје“ и покрај отсуство на преку 150 наши вработени кои се ослободени од работа заради тоа што припаѓаат на ризичните групи, приоритет во снабдувањето со средства за дезинфекција и хигиена даде на болниците, здравствените домови и институциите кои функционираат во кризни услови.

Доставата до веледрогериите (аптеките) и дистрибутерите (ланците маркети) можно е во овој период да се одвива со мал застој, но тоа е првенствено заради неумерените набавки од страна на домаќинствата и очекуваме дека наскоро истото ќе се надмине.

Водени од начелата за корпоративна општествена одговрност, како и хуманата програмско-производна определба насочена пред сѐ кон крајните корисници „Алкалоид АД Скопје“ цврсто ќе остане на одлуката да не ги зголеми цените на ниту еден производ од било кој сегмент на своето производство независно од зголемувањето на цените на влезните суровини, логистичките и ресурсните предизвици со кои се соочуваме.

Излезните цени на нашите производи, особено на лековите, дезинфициенсите, медицинскиот алкохол, антисептиците и останатите средства со антибактериско дејство се дистрибуираат согласно ценовниците кои важат од 1 февруари 2020 година и ќе останат исти.

Љубезно апелираме до целата јавност да се следат и најодговорно да се почитуваат препораките на Министерството за здравство преку нивните официјални канали на комуникација zdravstvo.gov.mk/korona-virus со цел да не се креира непотребна паника.

Во оваа прилика, би сакале да упатиме голема благодарност и желби за добро здравје на сите здравствени работници во земјава и на сите македонски граѓани, затоа што ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ!“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗК Пелагонија оствари загуба од 61,6 милиони денари за девет месеци

Редакција

„Реплек АД“ ги зајакнува извозните позиции и освојува нови пазари

Редакција

(Фото) Мицкоски ги доби СДСМ на суд

Редакција