еМагазин
Спорт ТОП СТОРИИ

Алкараз го освои Вимблдон победувајќи го Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2023, со што српскиот тенисер по 10 години загуби финале на ова важно натпреварување.

Денешниот меч беше решен по пет сета и траеше 4 часа и 42 минути.

По големото финале во Лондон, Ѓоковиќ спортски го призна поразот и му ја честиташе победата на противникот.

„Ова е уште еден во историјата, но загубив од подобар играч и морам да му честитам. Мислев дека ќе имам проблеми само на земја и тврда подлога, но не и на трева. Карлос, ти честитам за одличната адаптација на оваа подлога. Заслужено победи“, рече Ѓоковиќ.

Фото: Фејсбук/Вимблдон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: Силјановска Давкова води, по неа е Пендаровски, трет е Таравари

Редакција

Мицкоски: Убедлива победа и ден кога почнуваат промените за подобра Македонија

Редакција

Од почетокот на годината минималната потрошувачка кошничка пораснала за илјада денари

Редакција