еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Амбасада на Германија во Скопје: Граѓаните од земјите кои не се членки на ЕУ не можат да работат под исти услови со оние кои се

Германската амбасада во Скопје соопшти дека не се точни известувањата за нов закон што ќе влезе во сила од 1 јануари 2019 година со кој на граѓаните од земјите што не се членки на Европската Унија ќе им овозможи да се вработат во некоја од државите од Унијата под истите услови како граѓаните на земјите членки на ЕУ.

-На граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ потребна им е како досега, така и по 1 јануари 2019 година, валидна работна виза во Германија. Барањето за виза може да се поднесе само во Германската амбасада во Скопје и само таму се издава визата, прецизираат од Амбасадата на Германија.

Амбасадата укажува и на тоа дека таа не соработува со посредници или агенции.

-Преку нив не може да се добие ниту термин порано ниту пак да се забрза визната постапка. Таксата за виза изнесува по правило 75 евра и се наплаќа во готово, исклучиво во евра, директно на шалтерот за виза кога се поднесува барање за виза. Други такси нема во Визното одделение. Добивањето на обрасците и на упатствата, како и закажувањето на терминот се бесплатни, велат од Германската амбасада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска почнува седницата за избор на нова влада, која треба да почне со работа од понеделник

Редакција

Нови 632 случаи на Ковид-19 од 6.531 тестирања

Редакција

Се што треба да знаете за „Спутник V“, руската вакцина која пристигна и во Македонија

Редакција