еМагазин
Image default
Локално

Американец тешко повреден при пад на скијачки турнир на Пелистер

Државјанин на САД, вчера се здобил со тешки телесни повреди при пад на скијање на турнир што се одржувал во скијачкиот центар Копанки-Пелистер каде учествувал, информираат од МВР.

Во 14:00 часот, вчера во Центарот за известување и команда Битола, од страна на Итна медицинска помош – Битола било пријавено дека од нивна страна во Клиничка болница – Битола бил пренесен Д.Ц (37), државјанин на САД, кој се повредил при пад на скијање.

Кај Д.Ц. е констатирана тешка телесна повреда, што ја здобил при учество на турнир во скијање што се одржувал во скијачкиот центар Копанки-Пелистер, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шилегов: Ќе се корегира проектот за Зелениот покрив на ГТЦ

Редакција

АХВ потврди птичји грип во Скопската зоолошка градина, ќе бид затворена 21 ден

Редакција

Двајца скопски разбојници нападнале жена-обезбедувач на маркет

Редакција