еМагазин
Image default
Македонија

Американска амбасада: Првите избори по влезот во НАТО значаен чекор кон демократијата

Како први избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата, се вели во ставот на Американската амбасада во Скопје за парламентарните избори одржани на 15 јули годинава.

„Го поздравуваме големиот напор на локалната изборна администрација, што овозможи наспроти предизвиците со тековната пандемија, изборите да бидат организирани со сите напори за заштита на здравјето и на гласачите и на лицата ангажирани во изборните центри и набљудувачите.

Како први генерални избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, од почетокот на годината, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата“, се вели во ставот објавен на Фејсбук од американската амбасада во Скопје.

Од Амбасадата, исто така, изразуваат благодарност до ОДИХР за прелиминарната оценка на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од ДИК: Коалицијата „Можеме“ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15

Вчера паднала и веб-страницата на МВР: ДИК поднесе пријава во полиција за хакирањето на сајтот

ДИК рачно проверува записници, за седницата за резултати „благовремено ќе известат“

Фото: Американска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени 23 лица кои не го почитувале полицискиот час, опоменати 9 за неносење лична заштита

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Кој е Никита Шекутковски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Редакција