еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Американската војска не нарече „Северномакедонци“, па се извини

Американската армија во Европа на нивниот Јутјуб канал објави видео насловено како: „На полигонот Криволак војската на САД работеше на подобрување на интероперабилноста со северномакедонските војници, на полигонот Криволак во Северна Македонија“.

Видеото потоа беше избришано, а Американската армија на официјалната Фејсбук страница се извини за погрешно именување.

„Се извинуваме поради објавеното видео на нашите канали на социјалните медиуми каде е користено погрешно име за Република Македонија. Видеото е веќе повлечено. Го цениме партнерството со Армијата на Македонија и жалиме за оваа грешка“, стои во соопштението од армијата на САД во Европа.

Фото: Американската армија во Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скандал со пензиите: МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределба на парите

Редакција

Од 39 учесници: Васил Гарванлиев го освои 35. место на Евровизија

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Струмица за набавка на масло за греење вреден 78.000 евра

Редакција