еМагазин
Image default
Македонија

Анѓушев: Постапката на Антикорупциска за „Тополки“ ќе докаже дека се е законски и нема судир на интереси

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев смета дека постапката што против него денеска ја покрена Антикорупциската комисија за доделувањето земјиште за хидроцентралата „Тополки“ ќе докаже дека во случајот се е законски и без судир на интереси.

Анѓушев во пишана изјава до медиумите ја поздрави одлуката на Антикорупциска за отворање постапка за случајот „Тополки“, посочувајќи дека во секој момент е на располагање на комисијата за дополнителни прашања.

– Оваа постапка само ќе докаже дека во случајот Тополки е се законски и без судир на интерес, договорот за концесија е добиен и потпишан во мај 2015 година и добивањето на земјиштето е во иста постапка како и за сите електрани и истото е добиено како резултат од добиената концесија, согласно со постапка која е иста за сите концесионери и сите над 80 електрани што се изградени во државата во последните 10 години, тврди Анѓушев.

Сите постапки, наведува вицепремиерот, се започнати во 2015 година, во време кога не сум бил член на Владата, ниту пак сум знаел дека некогаш ќе бидам, со што практично не сум можел никако да влијаам.

Анѓушев воедно оценува дека работата на Антикорупциска комисија само ја покажува исправноста во  реформирањето на таа институција насочено кон бранење на јавниот интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Кочо Анѓушев на тапет на Антикорупциска

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе остане ли министерка: Разрешувањето на Мизрахи денеска на собраниска седница

Редакција

Владата планира маските за лице и другата опрема за заштита да ја ослободи од царински давачки

Редакција

Приведени три лица за тројното убиство во Дебар

Редакција