еМагазин
Image default
Македонија

Јанакиески во Апелација: Немам сметки во странство и го осудувам бегството на Груевски

Одговорно тврдам дека службената белешка од УБК е фингирана и е направена истиот ден кога побегна Никола Груевски, изјави поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје на која се разгледуваат жалбите за мерката притвор.

Јанакиески, исто така, рече дека при определувањето на мерката притвор институциите ги прекршиле законите, конвенциите и човековите права, како и дека СЈО требало да направи проверка со кабинетот на претседателот Иванов и да бидат проверени снимки од безбедносните камери за посетите кај претседателот.

На јавната седница поранешниот министер за транспорт и врски нагласи нема сметки во странство и оти најостро го осудува бегството на Груевски. Побара да му биде дозволено да се грижи за семејството и од слобода да се подготвува за одбрана пред судот.

Обвинителката Лиле Стефановска, пред Апелацискиот суд во Скопје, рече дека решението за определување мерка притвор на Јанакиески е законито, како и дека не може да го задржат од бегство, доколку остане без мерка притвор. Апелацискиот суд има рок од 48 часа да донесе одлука по жалбата на Јанакиески за мерката притвор.

Пред Апелација за време на седниците се собра помала група луѓе, во знак на поддршка на притворените. Во Апелација во тек е јавната седница за жалбата на поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски.

МИА/Фото: Јанакиески/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Јанкулоска му даде подршка на „најдобриот пријател“, Јанакиески на Фејсбук

Апелација ќе одлучува за притворите на Јанакиески и Божиновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јадранка Костова и Александар Чомовски дел од тимот на телевизијата 1ТВ

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособните кадри на Заев да поднесат оставка и од државни функции

Редакција

Видео од апсењата на ГП „Табановце“, 12 полициски службеници заработија кривични

Редакција