еМагазин
Image default
Македонија

Второобвинетата Ангела Ѓорѓиевска тврди дека не е виновна за убиството на Пино Секондо

Второобвинетата за убиството на Пино Секондо, 22-годишната Ангела Ѓорѓиевска, на денешното судење рече дека не го сторила делото и не се чувствува виновна.

– Разбрав за што сум обвинета. Не се чувствувам виновна за кривичното дело, бидејќи ништо од наведеното во обвинението не сум сторила, кажа Ѓорѓиевска.

Нејзиниот адвокат Еленко Миланов рече дека таа е обвинета без ниту еден доказ и оти ќе биде докажано дека немала ништо со убиството на Пино.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември минатата година.

Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

МИА/Фото: Фејсбук/Пино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната бара одложување на „Траекторија“ до разјаснување на ситуацијата со Јанева

Редакција

Османи: Во ДУИ се отворени сите опции за претседателски кандидат

Редакција

Куновска: И СДСМ исклучуваше членови од партија, само малку поелегантно

Редакција