Дали би се бореле, ако има војна, за својата држава и би го дале ли животот за неа?. Тоа прашање им било поставено во истражување на Галуп заедно со Ворлдвајд Индипендент Нетворк во 64 држави во светот.
Во глобален просек, 61 отсто испитаници одговориле дека би биле подготвени да се борат за својата држава, додека 27 отсто одговриле – не. Очекувано, поголем е процентот на мажи глобално кои би се бореле (67 отсто) додека жените – 52 отсто.
Најголем процент подготвени за војна за својата држава се на Блискиот исток и во северна Африка – 93 отсто додека најнизок е во Западна Европа – 25 отсто.
Во анкетата биле вклучени 62.398 луѓе – по илјада за секоја држава.
Најмалку во светот би се бореле за својата земја Јапонците – само 11 отсто. Следуваат во Холандија (15 отсто), Германија и Белгија (19 отсто), Италија 20 отсто…
Најпоготвени за борба за својата држава се во Мароко и Фиџи – 94 отсто. Следуваат Пакистанците 89 отсто, Виетнамците 89 отсто, во Бангладеш – 86 отсто, Азербејцан – 85 отсто…
Во Европа предничи Финска – 74 отсто се подготвени за војна за одбрана на својата држава. Следува Турција 73 отсто, Украина 61 отсто додека во Русија тој процент е 59 отсто.
Од поранешна Југославија – Косово – 58 отсто, БиХ – 55 отсто, Србија 46 отсто и Македонија 38 отсто.
Муслиманите се најподготвени за војна – 78 отсто, хиндуисти 77 отсто, будисти 66 отсто, а по нив – атеистите и агностици – 57 отсто. Меѓу христијаните – 53 отсто православни, па католици – 52 отсто. Евреите се подготвени само 51 отсто.
МИА/Фото: АРМ