еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина за „Титаник“

Дел од обвинетите во случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности и злоуптреби, на денешното судско рочиште признаа вина.

Меѓу оние кои се изјаснија како виновни се поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната заменичка министерка за права, Билјана Бришковска-Бошковска и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој исто така е обвинет во овој предмет, но е во бегство во Будимпешта.

Јанкулоска пред судот кажа дека ја признава вината во однос на наводите од обинението, но забележа дека постапката за овој предмет не требало да се води, поради даденото помилување од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

И Јанакиески рече дека признава вина за дел од кривичните дела кои му се ставаат на товар, но и тој  смета дека „Титаник“ не требало да се води поради помилувањето на Иванов.

Мартин Протуѓер кажа дека презема одговорност како морален чин и од тој аспект ја прифаќа вината.

Бришковска, пак, ја прифаќа вината како лична и професионална одговорност од аспек на позициите кои ги извршувала.

Судењето денеска треба да продолжи за оние кои признаа вина, а за останатите обвинети ќе има ново рочиште на 9 март.

Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката Стефанова побара поблаги казни за Јанкулоска, Јанакиески, Протуѓер бидејќи признале вина за „Титаник“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Донирај компјутер“ донирал над 3.000 компјутери

Редакција

Се затвора „Кино Култура“

Редакција

Осум лица работеле за Касами во декември, општината им исплаќала по 10 денари

Редакција