Во Кривичниот суд во Скопје, денеска ќе се одржи и ново рочиште во раздвоената постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за истиот предмет на Специјалното јавно обвинтелство за набавката на луксузниот „мерцедес“.
Денешното рочиште продолжува со сослушување на сведоци.
На минатото рочиште, специјалниот јавен обвинител Стефчо Донев, во воведен говор, наведе дека Јанкулоска сторила злоупотреба на службената положба и овластување.
Јанкулоска, во воведен говор пред Судот, наведе дека иако постапката се одвива во сложени услови, како издвоена од предмет за кој веќе има донесена одлука, сепак ќе ги побијат тврдењата дека со набавката се исполнувани нечии „лични желби“ и ќе докажат дека набавката е согласно стандардите за работа на Министерството.
МИА/Фото: Јанкулоска/Фејсбук