еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска побарала од Владата да го разреши Тозија, од таму им одговориле дека неговата одговорност треба да се бара кај други органи

Поднесовме иницијатива во врска со постапувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, со што побаравме одговорност и да го разреши, истакна денеска Владимир Георгиев, членот на антикорупциската Комисија прашан дали добиле одговор од Владата за барањето на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Информираше дека од Владата добиле одговор дека поради пандемијата не именувала друг директор, но и дека не наведуваат дека ќе го разрешат. Од Владата им посочиле дека одговорноста која ја побарала ДКСК е предмет на позитивното законодавство во државата и дека тоа е во надлежност на други органи.

-Ние сметаме дека Владата е надлежна, бидејќи според законот за филмска дејност Владата е таа што го именува и го разрешува директорот. Оваа претставка е доставена и до вицепремиерот за корупција и очекуваме да видиме што ќе се случи, истакна Георгиев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 1.275 нови случаи на Ковид-19 од 3.331 тестирања, во Скопје 519

Редакција

Предметот ТНТ за уривање на Космос е пред крај, откако доказите на одбраната се одбиени

Редакција

Kривична пријава против скопјанка која се борела во редовите на Исламската држава во Сирија

Редакција