еМагазин
Image default
Да помогнеме

Апел: На Стоимен Стоилов му треба помош да ја преброди зимата

Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат тешките услови за живот на 60 годишниот Стоимен Стоилов од село Цера, започна акција за негова помош.

Акцијата ја организира Хуманитарното здружение „Бели гулаби“ од Македонска Каменица, чиј претставник Наташа Џевелекова, информираше дека е отворена телефонска линија за помош на Стоилов.

„Телефонскиот број 071-737-465 во наредните денови ќе биде достапен за хуманите граѓани кои ќе може да се информираат на кој начин можат да му помогнат на Стоимен Стоилов, кој во село Цера е познат како дедо Станоја. Она што најмногу му е потребно на овој човек е шпорет на дрва, огрев, храна и ќебиња. Да се надеваме дека хуманоста ќе допре до сите нас и многу бргу дедо Стоимен, кој нема ништо свое и живее сам во многу тешки услови за живот во село Цера, ќе ја добие потребната помош“, изјави Џевелекова.

Стоимен Стоилов, додаде, е самец кој нема свој дом и за кој единствено се грижат негови роднини кои се семејство во социјален ризик.

Помош пристигнува и од негови соселани, но за да ја преброди зимата на Стоилов му е потребна многу поголема помош која хуманите граѓани можат да ја достават во просториите на здружението „Бели гулаби“ од Македонска Каменица

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските и словенечките стопанственици со апел за поддршка на Словенија

Редакција

Потребни се донации за тригодишниот Алексеј, за лекување во Турција

Редакција

Емилија бара спас од сопругот: „Kрши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши“

Редакција