Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Сулејман Реџепи и го укина решението на Основниот граѓански суд Скопје 2 во врска со назначувањето на Скендер Бузаку за нов поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ).
Од Апелацискиот суд потврдија дека второстепениот суд ја уважил жалбата и предметот е вратен на повторно одлучување.
Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство Скопје доставил докази, кои според него, покажуваат дека поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи сторил кривични дела „перење пари“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Бузаку тврди дека Реџепи перел пари преку приватна фирма и со тоа противправно земал 700 илјади евра од ИВЗ.
– Доказите кои ги доставив до ОЈО укажуваат на фактот дека осомниченото лице има сторено кривично дело со кое е нанесена штета од големи размери, присвојување на парични средства во износ од над 700 илјади евра, уплатени оваа година. Има фактура од 2019 година, трансфер на средства и докази. Утврдената штета е 700 илјади евра. За престој во Саудиска Арабија, ИВЗ платила 650 илјади денари на приватна фирма. Таксата за престој е утврдена во износ од 510 евра и парите треба да се уплатат директно во Министерството за аџилак, вели Бузаку.
Tој додава дека Реџепи таксата за престој наместо во Министерството, ја уплатил преку посредник во приватна фирма регистрирана надвор од земјава, и на тој начин ги перел парите.
Бузаку очекува ОЈО да ги преземе сите потребни дејствија, и појасни дека во наредниот период ќе продолжи да објавува нови докази за извршени кривични дела од страна на Реџепи.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поглаварот на ИВЗ, Реџепи сторил кривично дело перење пари, тврди Скендер Бузаку
Ќе го „подбере“ ли некој конечно поглаварот на ИВЗ, Реџепи за континуирано јавно ширење омраза
Бузаку побара од Реџепи за 72 часа да си замине од ИВЗ, во спротивно ќе објавувал тешки криминали