еМагазин
Image default
Свет

Јапонија од крвната плазма на рековалесценти развива лек за коронавирусот

Јапонската фармацевтска компанија „Такеда“ соопшти дека развива лек за Ковид-19, што е дериват од крвната плазма, додавајќи дека преговара со властите во Европа, САД и Азија за соработка во истражувањето.

Болеста, која е слична на грип, досега усмрти над 3.000 лица ширум светот, а заразени се над 90.000 лица.

Јапонскиот производител на лекови работи врз лекот што е дериват на крвната плазма со која се лекувале заболени со висок степен на ризик. За плановите во текот на денот ќе бидат информирани и конгресмените во американскиот Претставнички дом.

Во моментов се разговара со здравствените власти, регулаторите и партнерите во секторот за здравствена заштита во Европа, САД и Азија да се забрза работата за изработка на лекот.

Истражувањето бара пристап до крвта на рековалесцент од Ковид-19, односно вакцинирани лица откако вакцината ќе биде развиена, додаваат од „Такеда“.

Од компанијата порачуваат и дека се обидуваат да утврдат дали можат нивните постојни лекови, односно тие што сега ги развиваат, да бидат користени за лекување на коронавирусот.

-Ќе направиме се што е во наша моќ за да ја отстраниме заканата што ја претставува новиот коронавирус и се надеваме дека ќе успееме да ја прошириме можноста од лекување, изјави Раџев Венкаја, шеф на оделот за вакцини во „Такеда“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И македонските фудбалерите кои ќе доаѓаат од Италија за натпреварот со Косово ќе пополнуваат прашалник за коронавирусот

Кинезите открија два вида на коронавируси, објавија колку точнo трае инкубацијата

Мерките за превенција од коронавирусот на повисоко ниво: Патниците од Италија ќе пополнуваат прашалник уште во авион

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се посвети на хуманитарни акции и образование: Основачот на „Алибаба“, Џек Ма се пензионира на 54 години

Редакција

СЗО предупредува дека е можно коронавирусот никогаш да не исчезне

Редакција

Столтенберг од Минхен: Испораката на оружје за Украина не е безбедносен ризик, туку ако Путин победи

Редакција